red
blue
ЈАЗИЧНОТО СТУДИО LINGUA Е ОВЛАСТЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДГОТОВКА И ПОЛАГАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ИСПИТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК CILS.
CILS

Подготовка за меѓународни испити

 

Jазичното студио Лингва нуди подготвителни курсеви за меѓународно признатите испити по странски јазик, и тоа:

 

ЗА АНГЛИСКИ ЈАЗИК

- YLE (Cambridge Young Learners English Tests) - ниво А1 за деца,
- КЕТ (Key English Test) - ниво А2,
- РЕТ (Preliminary English Test) - ниво В1

- FCE (First Certificate of English) - ниво В2, меѓународен испит кој го изработува Универзитетот во Кембриџ организиран во Британски совет во Скопје,
- САЕ (Certificate in Advanced English) - ниво С1,
- СРЕ (Certificate of Proficiency in English) - ниво С2,
- IELTS (International English Language Testing System) меѓународен влезен тест на универзитетите во Европа, Австралија И Нов Зеланд, и

- TOEFL (Test of English as a Foreign Language) меѓународен влезен тест на универзитетите во САД И Канада.

 

ЗА ФРАНЦУСКИ ЈАЗИК

Delf/Dalf (меѓународно признат испит по француски јазик-Diplome d’еtudes en langue francaise/Diplome approfondi de langue francaise, изработен од Министерството за образование на Франција организиран во Француски Културен Центар во Скопје), за нивоата А1,А2,В1,В2,С1 и С2.

 

ЗА ИТАЛИЈАНСКИ ЈАЗИК

CILS (меѓународно признат испит по италијански јазик - Certificazione d’italiano come lingua straniera, изработен од Универзитетот за странци во Сиена, Италија организиран во јазичното студио Lingua во Битола), за нивоата А1,А2,В1,В2,С1 и С2.

DITALS (Didattica dell'Italiano come lingua stranierа) сертификат за дидактички компетенции за предавање на италијански како странски јазик издаден од страна на Универзитетот за странци на Сиена, Италија, наменет за професорите по италијански јазик и организиран во јазичното студио Lingua во Битола.

 

ЗА ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК

TestDaF (стандардизиран тест за утврдување на знаењето на германскиот како странски јазик изработен од TestDaF институтот во Хаген, Германија организиран во просториите на Lingualink во Скопје).

 

ЗА ШПАНСКИ ЈАЗИК

DELE меѓународно признат испит по шпански јазик организиран во просториите на Casta Diva во Скопје, за нивоата А1,А2,В1,В2,С1 и С2.