red
blue

КУРСЕВИ

 

Jазичното студио Лингва нуди курсеви за деца од предучилишна возраст, деца од основно образование, средношколци, студенти и возрасни. Групите опфаќаат максимум 10 слушатели.

 

Курсевите можат да бидат:

  • индивидуални,
  • редовни курсеви по странски јазик,
  • интензивни курсеви,
  • викенд курсеви,
  • граматички и курсеви по комуникација.

 


Детските курсеви по странски јазик опфаќаат 60 часа годишно ( по 30 часа во полугодие) или 2 часа неделно по 60 минути.

 

Редовните курсеви по странски јазик за возрасни опфаќаат опфаќаат 30 часа во семестар за курсевите А1-А2 ниво, како и 50 часа во семестар за курсевите Б1-Ц2 ниво за сите странски јазици. Степените за редовните курсеви по странски јазик се организираат согласно Европската референтна рамка за јазици поставена од Советот на Европа (A1, A2, B1, B2, C1 и C2).

 

Интензивните и викенд-курсевите опфаќаат 100 часа организирани во пократок период согласно потребите и барањата на слушателите кои ги посетуваат овие курсеви.

 

Граматичките курсеви се најчесто индивидуални, бидејќи опфаќаат изучување на граматички партии од одреден странски јазик од страна на само еден кандидат.

 

 Курсевите по комуникација се наменети за сите оние кои имаат средно познавање на јазикот (В1, В2) и сакаат да ги подобрат своите комуникациски способности во формални и неформални ситуации.

 

Со секој курс по странски јазик, постои атеље по комуникација, надвор од предвидениот фонд на часови за курсот. Атељето по комуникација опфаќа еден час месечно конверзација на однапред зададена тема. Темата ја утврдува предметниот професор еден месец претходно со цел слушателите кои учествуваат на атељето да можат да се подготват за разговор.

 

Сите курсеви вклучуваат редовна проверка на знаењето преку тестови.

 

 Јазичното студио Лингва има свој кодекс на работење и притоа се почитуваат сите правила за јасно информирање на слушателите во врска со видовите на курсеви, времетраењето, цените, големината на групите итн.

 

 По секој завршен курс, се полага завршен тест и се издава уверение за завршен степен согласно степените на Заедничката европската референтна рамка за јазици.

 

 Во рамките на детските курсеви се организираат разни манифестации, приредби за Нова година и за крајот на училишната година, квизеви и натпревари, учества на фестивали и настани од јавен карактер.

 

Училиштето располага со сопствена библиотека на странски наслови и голем број на речници - толковни, двојазични и сликовити речници кои посетителите на курсеви по странски јазици можат да ги користат во текот на учењето.