red
blue
ЈАЗИЧНОТО СТУДИО LINGUA Е ОВЛАСТЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДГОТОВКА И ПОЛАГАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ИСПИТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК CILS.
CILS

Кодекс на работење

 

Правилник за информирање

 1.Рекламните и промотивмите материјали, како и информациите за курсевите треба да даваат вистинска слика за курсевите и активностите
2.Училиштето треба да им даде на своите посетители јасни информации во врска со:
-видовите курсеви и можните нивоа
-точното времетраење и дати на курсевите
-датите на кои е затворено за посетители и годишните одмори
-големината и структурата на групите
-јасни распореди  за редовните часови или часови што се одржуваат надвор од редовните простории
- издавање уверенија за секој завршен степен по полагање на завршниот испит.
3.Пред уписот, училиштето детално ги информира посетителите за точната цена на курсот, начините на плаќање, попустите, како и правото да откажат или прекинат посетување на курсот.

 

Правилник за вработени

1.Училиштето е должно да им даде на своите вработени јасни информации во врска со распределбата на одговорности и процедурите на комуникација
2Училиштето е должно да има јасен опис  на секое работно место 
3Училиштето е должно да има јасна политика на селекција на наставен кадар
4Училиштето е должно да обезбеди соодветен работен простор и средства за ефективно вршење на работните обврски за сите вработени 

 

Правилник за посетители

 Училиштето им гарантира на посетителите на сите курсеви по странски јазик:
1.Целосна точност и вистинитост на сите јавно објавени информации во врска со бројот на часови по курс, број на посетители во група, старосни граници, цена на курсот и цена на други услуги
2.Информации и совет во врска со видовите курсеви и испити
3.Соодветни простории,библиотека и др. средства за учење јазици
4.Прецизно тестирање за утврдување на ниво
5.Високи наставни и образовни стандарди
6.Структуриран тек на курсот, којшто е поделен на нивоа и е соодветен на потребите на посетителите
7.Користење на современа методологија
8.Наставници со висококвалитетна лингвистичка и комуникативна компетенција
9.Соодветно и редовно следење на активноста на секој посетител при изучувањето на странски јазик
10.Редовно набљудување на наставничката активност
11.Задоволување на индивидуалните стилови и потреби
12.Можности за добивање информации и совет во врска со индивидуалната работа и натамошно изучување на јазикот.