red
blue
ЈАЗИЧНОТО СТУДИО LINGUA Е ОВЛАСТЕН ЦЕНТАР ЗА ПОДГОТОВКА И ПОЛАГАЊЕ НА МЕЃУНАРОДНИОТ ИСПИТ ЗА ПОЗНАВАЊЕ НА ИТАЛИЈАНСКИОТ ЈАЗИК CILS.
CILS

CILS и DITALS испити

 

CILS (Certificazione di italiano come lingua straniera) – Сертификат за познавање на италијанскиот како странски јазик– е сертификат кој го издава Универзитетот за странци во Сиена и е признат врз основа на Спогодба со Министерството за надворешни работи на Италија.

 

Испитот се одржува два пати годишно во месеците јуни и декември, во однапред утврдени датуми од страна на Центарот CILS при Универзитетот за странци во Сиена, Италија.

 

Јазичните нивоа на испитот CILS се стандардизирани според Европска референцијална рамка  за јазици ( Quadro comune europeo di riferimento per le lingue). Поделени се во шест нивоа: А1, А2, UNO B1, DUE B2, TRE C1, QUATTRO C2. Секое ниво означува соодветнo јазично познавање.

 

Сите оние кои го изучувале италијанскиот јазик надвор од Италија имаат право да го полагаат овој испит.
Нивоата А1 и А2 означуваат основно познавање на италијанскиот јазик.

 

Нивото UNO B1 гарантира способност за комуникација во секојдневни ситуации и е корисно за оние кои бараат работа во Италија каде има основна комуникација.

 

Нивото DUE B2 овозможува упис на италијанските универзитети без да се полага приемен испит по италијански јазик.

 

Нивоата TRE C1 и QUATTRO C2 гарантираат способност за користење на италијанскиот јазик во официјални професионални ситуации.

 


DITALS (Didattica dell'Italiano come lingua stranierа) e сертификат за дидактички компетенции за предавање на италијански како странски јазик издаден од страна на Универзитетот за странци на Сиена, Италија, i e наменет за професорите по италијански јазик и организиран во јазичното студио Lingua во Битола.